Се продава како една куќа, но всушност е големо приватно одмаралиште, а претставува вистински скапоцен камен на Пацификот.
Опкружена со ограда, како и безбедносен простол за персоналот од обезбедувањето, оваа куќа нуди комплетна приватност за оние кои може да си ја дозволат.
Шест спални соби, седум бањи, две работни соби, соба за масажа, теретана, соба за игри, отворена кујна, главна кујна, базен, како и прекрасни тераси.
Прекрасно уредена со модерен ентериер, широка, куќата е едноставно создадена за уживање. Куќата се продава за 25 милиони долари.