Митови и вистини за сродни души

popara19 септември, 20121min00
zaljubeni

Кога еднаш ќе ја пронајдете својата сродна душа, време е да почнете да ги гледате митовите од кои сте целиот живот опкружени. Убавиот почеток се случува сам од себе, но одржувањето на врската со личност која вистински ја сакате може да се покаже како потешка задача отколку што некогаш можевте да си замислите.

Животот не е бајка, па така и кога се работи за сродна душа можеби сепак нема да го најдете она што го очекувате во врската. Очекувањето дека митовите ќе станат реалност претставува најголема грешка, која дури и вашата сродна душа може да ја оддалечи, а на крајот дури и да го одбие од вас и да ве остави сами да размислувате што е тоа што тргнало во погрешна насока и како сте можеле да го избегнете. Еве некои вообичаени митови за сродни души, од кои морате да се ослободите пред да нанесете штета на вашата врска.

Врската со срдна душа успева сама од себе

Без оглед дали сте ја нашле својата вистинска љубов или не, секогаш е тешка задача да се обезбеди успешна врска. Врската со сродната душа никогаш не треба да се зема здраво за готово, иако има тенденција да ве релаксира и да донесе позитивни промени во вашиот живот. Луѓето кои мислат дека ја пронашле својата вистинска љубов помалку се трудат да ја зачуваат својата врска од оние кои сеуште чезнеет за неа.Склони се да заборават дека на секоја врска и е потребно посветеност и работа, како би ги надминала неочекуваните животни околности. Одлуките кои ги носите во сегашноста ќе ја одредат иднината на вашата вистинска љубов. Потребно е многу време и енегрија, но вложувањето во себе и посветеноста сигурно ќе се исплати.

Во вистинската љубов нема конфликти

Не верувајте во митот дека врската помеѓу сродните души функционира без конфликти. Конфликтите, всушност, и помагаат на вашата врска да израсне и созрее во нешто позначајно. Луѓето се суштества склони на кавга, а за кавга секогаш се потреби двајца.

Кога ќе почнете навистина да го запознавате партнерот, можеби ќе почнете да се прашувате каде исчезнала магијата на вашата врска. Тој  може да има навики кои вас ве нервираат или некои негови постапки може да ве наведат да се преиспитате во вашата верба за вистинската љубов, но тоа не значи дека сте избрале погрешна личност, ниту дека треба да прекинете.

Ако се обидете да поразговарате со својот партнер за работите кои ви пречат, ќе бидете изненадени кога ќе забележите колку страста во вашата врска ќе се зајакне. Ставете се во негова позиција и замислете го светот од тој агол. Конфликтите не значат дека врската не е здрава, туку само го истакнуваат фактот дека двајца луѓе со различни верувања и ставови, се во состојба да се прифатат еден со друг онакви какви што се.

Никогаш крај на романтиката

Ако мислите дека секој ден кој ќе го поминете заедно ќе биде така магичен како на почетокот, веројтано не сте подготвени за својата сродна душа. Вашата сродна душа е човечко суштество, а не лик од бајките кој постојано ве опсипува со подароци и романтични гестови. Луѓето мораат да живеат во реален свет, што значи дека мораат да ја работат својата работа и да ги одржуваат социјалните односи. Вашиот партнер не може целото свое внимание до крајот на животот да го насочи на вас. Мора да продолжи да го живее својот живот, па затоа очекувањата на романтични гестови на секој чекор е огромна грешка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag