Пејачот Роби Влијамс (38) стана татко за прв пат. Неговата сопруга актерката Ајда Филд (33), ја родила ќеркичката вчера попладне.
Веста пејачот ја соопшти синоќа на “Твитер”.
“Девојчето ќе се вика Теодора Роуз Вилијамс, прекар Теди, родена е во 15:33, на 18.09.2012, тешка е 3,2 килограми. Бебето, мама и тато се чувствуваат одлично. Ви благодариме за најубавите желби”, објавено е на официјалната интернет страна на пејачот.
Теодора Роуз е родена во британскиот главен град Лондон. Роби Вилијамс и годишната Ајда Филд се венчаа пред две години по тригодишна врска.