Николина Пишек во емисијата “Red Carpet” открила дека секси долната облека ја купува на пазар за веќе користени работи.
Николина Пишек носи половни гаќи! Токму оваа информација ја открила водителката во својата емисија “Red Carpet”. Не само што ја открила долго чуваната тајна, туку и гордо изјавила дека секси гаќите и градниците ги купува на пазари за веќе користени работи.
Атрактивната хрватица самата ја иницирала приказната за долната облека.Во разговорот кој го водела со колегата од чиста мира и кажала дека новинарите постојано поставуваат “идиотски прашања”, но никој во брзо време не ја прашал какви гаќи носи и дали воопшто ги носи.
Епа, за и понатаму да не биде така, колегата и го поставил токму тоа прашање. А таа како од топ му одговорила “половни”, на што тој додал дека сигрно ги купува на пазар. Со потврдно климање со глава, фаталната Николина го одговорила прашањето, а во студиото избила смеа.
Дали се нови или половни, на мажите не им пречи, бидејќи каква долна облека и да носи, Николина е многу секси.