Некои истражувања покажуваат дека стимулацијата на градите го активира истото место во мозокот како и кај стимулацијата на гениталиите, па затоа е можно жената да доживее оргазам само со игра на брадавиците.
Градите за време на возбудата можат да го зголемат обемот за дури 25%, а поради чувството на возбуда се почувствителни и повеќе реагираат на надразнувањето. Стимулацијата на брадавиците ги буди истите рецептори во мозокот како и кај стимулацијата на клиторисот и вагината.
Студијата објавена во магазинот Sexual Medicine изнесува некои заклучоци за оргазмот преку градите. Во истражувањата жените поминувале низ магнетна резонанца и можеле да бираат помеѓу стимулација на вагината, клиторисот, матката и брадавиците. Делот од телото кој го избрале, бил стимулиран 30 секунди а потоа е направена пауза, па истото се повторувало со други точки.
Кај стимулацијата на брадавиците, требало ритмички да се тапка по едната со другата рака 30 секунди. Истражувањето открило дека стимулацијата на брадавиците го активира истиот дел од мозокот како и стимулацијата на гениталните делови на женското тело. Според тоа, не чуди фактот дека многу жени особено ги возбудува стимулацијата на брадавиците и дека на тој начин можат да доживеат оргазам.
Докторката Џенифер Вајдер објаснува дека брадавиците за време на возбудата менуваат боја од светла кон потемна, а тоа се случува поради тоа што крвта посилно циркулира низ телото, па се менува бојата. Каква игра со брадавиците ја возбудува жената, знае таа самата, а според овие истражувања, Вајдер советува дека треба да се истражува што кому му одговара и да се препушти на задоволството.