Скандал во Австрија! Насилно стерилизирале ментално болни жени!

popara20 септември, 20121min00
ty789

За стерлизацијата доволно било само родителите на девојките да дадат согласност.

Австрија ја потресе сериозен медицински скандал откако се потврди дека физичи и ментално болните девојки и жени биле насилно стерилизирани во австриските домови уште од 2001 година.

Хируршките зафати биле прикривани дека се работи за операција на слепо црево, изјавил детскиот психијатар Ернст Бергер.

Се што било потребно за да се извршат операциите била согласноста на родителите, а докторите неретко вршеле и притисок врз нив за тие да се согласат. Набрзо, стерилизацијата станала еден до условите за прифаќање на лицата во домовите за ментално заостанатите пациенти.

“Тоа беше јавна тајна, но никого не го интересираше”, изјавил докторот Бергер, додавајќи дека некогашниот виенски психијатар Андреас Рет ја подржувал присилната стерилизација над луѓето чиј коефициент на интелигенција бил помал од 85.

“Рет беше мој претходник и јасно ми го кажа неговиот став за тоа прашање”, изјавил Бергер и додал дека ставот на Рет бил познат и во јавноста, затоа што тој самиот го искажал и на еден конгрес одржан во 1975 година.

“Врз основа на тоа, не може да се исклучи дека девојчињата биле присилно стерилизирани дури и ако, од денешен агол на гледање, не се хендикепирани”. Во Австрија од 2000 година на сила стапил законот за стерилизација на хендикепираните жени, постапка која се дозволува само со одобрување од судот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag