Мајкл Ворд (43) командант на подморница во САД, се обидел да се осободи од 20 години помалдата љубовница која останала бремена од него, така што од својата меил адреса испратил известување дека починал.
Ворд испратил мејл во кој се претставува како свој соработник со името Боб и напишал:
„Ме замоли да ве контактирам доколку се случи ова. Со жал ви ја пренесува пораката дека тој почина. Направивме се за да го спасиме. Не смеам повеќе да кажувам. Жалам што испадна вака“.
Можеби Ворд ќе се извлечел со оваа приказна доколку жената не заминала во неговата куќа. Таму таа дознала дека Ворд е жив и дека заминал да ја преземе командата на подморницата.
Измамената љубовница поради шок веднаш била однесена во болница, а набргу го загубила и бебето.
Таа сакала да остане анонимна за да не и се загрози кариерата, но ја контакритала поморската истражна служба и ги доставила сите смс пораки и мејлови кои ги добила од Ворд.
Ворд тврдел дека е разведен, но тој бил оженет со и имал деца. Откако биле прегледани доказите Ворд бил сменет од позицијата командант на подморница.