Корд Калвин Бродус син на раперот Snoop Dogg, на Твитер објавил фотографии на кои може да се види како пуши марихуана од бонг со својот татко.
На фотографијата може да се види како 18-годишниот Бродус му помага на својот татко да запали бонг.
Поранешниот спортист во средно училиште, кој неодамна одби спортска стипендија за колеџ за да се посвети на хип хоп кариерата по името Spanky Danky, објавил уште една фотографија на која тиа двајца виткаат цигара во студиото.
По фотографијата напишал:”Нема да ми пречи да останам да живеам во Амстердам цела година”.
Snoop Dogg за својот следен реге албум, наречен “Reincarnated”, го користи името Snoop Lion, бидејќи сака да го врати гламурот на оваа музика.