Иако за сексот многу се зборува и пишува, постојат некои прашања за кои се срамиме да побараме одговор. Сепак, одговори за нив постојат!
1. Дали може да изгубите тежина со сексот?
За време на сексот се трошат околу 300 калории на час, значи излегува дека, ако имате однос два пати неделно по половина час, по една година теба да бидете два килограми полесни!
2. Што е женска ејакулација?
Станува збор за течност која се ослободува со стимулација на Г точката.
3. Ако мажот не ејакулирал значи ли тоа дека не доживеал оргазам?
Ејакулација и оргазам не е исто. Ејакулацијата е исфрлање на семе, а оргазам грчење на мускулите.
4. Зошто малите грубости во сексот воопшто не ни нанесуваат болка?
Затоа што за време на односот организмот ослободува хормон на среќа ендорфин кој го намалува чувството на болка.
5. Може ли спермата навистина да делува како антидепресив?
Истражувањата покажуваат дека машкиот ејакулат содржи хормон кој го подига расположението, но со многу слаб ефект.
6. Колку е долг најмалиот пенис на светот?
Половина сантиметар.
7. Дали големината на машките стапала има некаква врска со големината на половиот орган?
Нема никаква поврзаност, ниту големината на стапалото, ниту должината на прстите или големината на носот.
8. Зошто понекогаш за време на сексуалниот однос почнува да не боли глава?
Поради притисокот во мускулите на вратот. Правилното дишење може да го спречи овој проблем.
9. Може ли температурата во просторијата да влијае на оргазмот?
Може. Вашата температура го зголемува крвниот притисок што помага полесно да го постигнете задоволството.
10. Мажите се највозбудени наутро. Постои ли време кога возбудата кај жените е најголема?
Мажите имаат дневни, а жените месечни циклуси. Седум дена по менструацијата женската возбуда е најсилна.