Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро ќе биде спектакуларен

popara20 септември, 20121min00
olimpiski-park

Објавена е прва фотографија од тоа како ќе изгледа олимпискиот парк во Рио де Жанеиро. Само, ќе мора да почекаме до 2016 година.

Дизајнот на фасцинантниот комплекс го откриле британските архитекти кои се ангажирани на прокетот. Во овој парк ќе има објекти за 15 спортови на Олимпијадата и 11 на Параолимписките игри.

Церемонијата за отворањето и затворањето на Олимпијадата ќе биде одржана во познатата Маракана. Се очекува дека Рио ќе потроши девет милијарди фунти за организација, исто како и Лондон оваа година. Овој бразилски град ќе биде домаќин и на Светското фудбалско првенство 2014.

Еден од британските архитекти ангажирани во проектот Олимписки парк во Рио, вели дека тиа се обидуваат подобро да ја нагласат убавината и духот на ова место.