Новиот iPhone 5 е во продажба во САД, Јапонија, Британија, Австралија, Германија, Канада, Франција, Сингапур и Хонг Конг. Во уште 22 европски држави треба да е појави за една недела.
Епл во првите 24 часа по појавувањето на новиот телефон добил повеќе од 2 милиони нарачки. Над стотици обожаватели на iPhone 5 одлучиле да седат пред продавниците за да го добијат новиот телефон.
За да се спречи препродавањето на новиот телефон, на еден купувач му е дозволено да купи само два уреда.