Една жена од Охајо со својот пример покажува како големата волја за живот може да ги надмине сите пречки.
Мери Генон родена е без раце, а за да ги извршува секојдневните обврски таа ги користи нозете.
Со помош на нозете таа пишува на табла, јаде, се облекува.
Таа предава математика во едно средно училиште, а со стопалата ги учи децата, за кои се надева дека ќе добијат инспирација од неа за својот живот.
„Го работам она што го сакам, ако навистина сакате да успеете никој нема да може да ве спречи“, изјавила професорката.
Таа несака да ја нарекуваат хендикепирана, бидејќи пред се не се чувствува така, а самиот збор има негативна конотација според неа.
Учениците се воодушевени од својата професорка и веруваат дека многу работи можат да научат од неа.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=nAU9S_Icl7I