Престани да бидеш “другар”!
Обожуваш дружење со мажи, заедничко гледање утакмици, одење на концерти, пиење пиво, а се плашиш дека токму поради тоа сите момци те доживуваат како “еден од нив”?
Ако сакаш дечкото кој ти се допаѓа да престане да гледа на тебе како на свој “другар” послушај ги нашите совети!
- Не се плаши од флертување
Ако ти се допаѓа фраер од друштвото, покажи му го тоа на женствен начин. Полека допри му ја раката, насмевни му се кога ќе ви се сретнат погледите и секогаш гледај го во очи кога разговарате. Набрзо ќе сфати за што се работи.
2. Истакни ги своите “женски атрибути”
Тие се визуелни суштества и секогаш уживаат во погледот на “средени” девојки. Не велиме дека треба да облечеш многу кратко здолниште или најдлабоко деколте, но тесни фармерки, високи потпетици или тесна маичка сигурно ќе му помогне да сфати дека не си само еден “другар” од екипата.
3. Секогаш убаво мирисај
Момците сакаат да почуствуваат мирис на заводлив женски парфем, лосион за тело или шампон за коса, па за своите излегувања со машко друштво наоружај се со своите мирисни ноти кои ќе привлечат внимание на твојата женствена страна.
4. Престани да се однесуваш како фраер
Ако сакаш да освоиш дечко од друштвото, престани да се однесуваш како “дечко од друштвото”. Немој да плукаш, подригнуваш, гласно да пцуеш и да гледаш по жени како маж. Покажи дека и ти знаеш да бидеш вистинска дама.