Се породила, а не ни знаела дека е бремена!

popara21 септември, 20121min00
7u6

Несвесна дека била бремена, една припадничка на британските сили родила момче во болница во кампот „Бастион“ во главната британска база во Авганистан.

Британското министерств о за одбрана соопштило дека состојбата на мајката и детето биле стабилни.

„Политиката на вооружените сили не е да испраќа во воените операции бремени жени. Во овој случај министерството за одбрана незнаело за бременоста“, се наведува во соопштението.

Според Дејли Мејл, ниту самата мајка не знаела дека очекува бебе.

Поради болки во стомакот била одведена во болница каде лекарите и соопштиле дека таа е бремена и е пред породување, јави Дејли Мејл.

„Ова досега е единствен случај, но мојот тим е добро подготвен за секакви неочекувани ситуации“, изјавил потполковникот Ендрју Луис.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag