Ким Кардашијан и нејзиниот дечко Кание Вест имаат повеќе заедничко отколку што мислевме – Кание исто така ги снимал своите најинтимни моменти кои очигледно наскоро ќе се појават во јавноста.
Сајтот RadarOnline пишува дека девојката со која Кание има секс е многу слична на Ким Кардашијан, но со сигурност не можат да тврдат дека е таа. Видеото трае 20 минути и снимено е во хотелска соба, а за сега неидентификуваната девојка на почетокот на снимката вели дека има 18 години.
Девојката на снимката му признава на раперот дека е мажена, додавајќи: “Мојот сопруг и јас веќе немаме секс…Затоа и дојдов!”
Нема сомнение дека познатиот рапер го организирал снимањето, бидејќи на почетокот тој ја вклучил камерата, а на крајот ја изграсил. Американските медиуми пренесуваат дека снимката до сега е веќе откупена и дека брзо ќе се најде во продажба. Кание поради ова е на работ на нервен слом, бидејќи не успеал да го спречи објавувањето на видеото.
Пред две години Кание заврши на интернет откако непозната девојка го фотографирала гол.