Кристијан Уде, градоначалникот на Минхен, главниот град на најголемата германска покраина Баварија, го означи стартот на познатиот фестивал на 22 септември со пиење на првата кригла пиво.
Годинава е 179 издание од одржувањето на Октоберфест, најпознатиот фестивал на пивото.
Се очекува во рок од 16 дена додека трае фестивалот, да го посетат шест милиони гости од целиот свет.
Минатата година беа испиени скоро осум милиони литри кригли пиво. Оваа година кригла од 1 литар ќе изнесува околи девет евра.
Октоберфест прв пат е одржан пред 202 години, а овогодишниот е 179-ти по ред. Фестивалот не се одржувал за време на двете светски војни, двете епидемии на колера и инвазијата на Наполеон над Баварија, како и во текот на 1920-тите за време на хиперинфлацијата.
За сите љубители на пивото ова е идеална дестинација која мора да ја посетат.