Дали вашиот партнер е вистински тигар во кревет, нема да можете да откриете само на основа на одреден дел од неговото тело. Во тоа ќе ви помогне толкување на имињата и нумерологија. Само треба да соберете “два и два” и ќе дознаете каков маж мате покрај себе…
На секоја самогласка (односно буквите А, Е, И, О, У) доделете им одреден број и соберете. Тоа ќе ви помогне за време на запознавањето да откриете со каков маж “си имате работа”… Најпрво запишете си сите самогласки во името на вашиот партнер. Потоа на секоја самогласка додадете и одреден број и соберете. Доколку добиете двоцирен број, соберете ги неговите цифри е ќе добиете едноцифрен.
А-1
Е-5
И-9
0-6
У-3
Пример: Марко 1 + 6 = 7
1. Тој е прилично спретен во креветот, но само кога е расположен и кога навистина сака секс. За жал тоа не се случува често. Околу него ќе мора навистина да се потрудите, се додека конечно не се согласат на секс. А кога конечно тоа ќе се случи тој ќе биде нежн и страствен љубовник.
2. Овој љубовник е досаден, тој се само бледа сенка љубовник што секоја жена би сакала да го има покрај себе. Сака да се фали, иако тоа се само обични лаги. Ако повеќе време би си посветил себе си тогаш можеби и ќе дознае што е страст и желба. Затоа помогнете му да се пронајде.
3. Овој маж обожава секс и тоа жесток. Но притоа нема да обрне внимание на вас и вашите желби. Ќе се потруди да создаде романтична атмосфера, но сепак по неколку недели ќе видите дека ова однесување воопшто не е спонтано туку дека се е однапред испланирано и нормално набрзо тоа ќе ви се здосади. Затоа ви препорачуваме вие да го изненадите и сторете се за здодевноста да не се вовлече во вашиот живот.
4. Со овие маж можете да доживеете прекрасен секс- но само ако имате исти интереси и желби. Тие никогаш нема да се откаже, спремен е дури и да одглуми дека се е во ред иако тоа не е така. Тоа сепак не значи дека сака СМ игри, туку дека повеќе би му одговарала масажа или некоја одредена поза. А доколку тоа вам не ви се допаѓа – тешко вас!
5. Исклучително шармантен лик. Тој ги знае сите важи потајни желби и умее само со еден допир да ве доведе до лудило. Понекогаш погледот е доволен да ве усреќи. Подобро не прашувајте каде ги научил овие вештини, тоа може да го поврди.
6. Под овој број се крие следнава порака: тој обожава секс, но во себе носи нешто животинско. Бројот шест е ѓаволски број. Кога ќе се отпушти нема да можете да го скротите, но можеби и баш тоа ќе ви се допадне. Доколку сакате да доживеете неверојатна среќа со овој човек, покажете интензивни емоции и страст кон него, нема да изгубите.
7. Ниту еден друг маж на светот нема да ви покаже нежност од среќната 7-ка. Тој умее да го слуша партнерот, многу е внимателен и нежен љубовник. Сака да слуша нежна и романтична музика и да ужива со сите сетила. Доколку ви се допаѓа, препуштете му се и заборавете на сите околу вас.
8. Осум е број на бесконечност, сте закачиле маж кои не знае а доста. Тој секогаш сака секс и тоа интензивен. Навистина ќе ви биде преубаво доколку сте и вие такви. Во спротивно ќе мора да ги задоволите неговите сетила на некој друг начин. Речиси секоја жена сонува за ваков партнер.
9. Бројот 9 ја симболизира разузданоста и дивината. Кога овој маж ја демонстрира својата страст имате чувство дека сте стигнале во некој друг свет. Него сексот му е во крвта, а уметноста на заведувањето е неговото второ име. Единствен проблем е што не мисли на ништо друго.
One comment
Darko
23 септември, 2012 at 14:39
Одличен наслов! 😉