Страсната врска вклучува и чувства на несигурност и вознемиреност и поради тоа неможе да трае долго. За разлика од страстите, чувствата на заљубеност и романтичната врска може да трае цел живот и да го направи животот многу посреќен и поздрав.
Ако се препознаете во текстот , бидете сигурни, вие сте заљубени!
1. Постојано размислуваш за таа личност – анализираш што ќе му кажеш кога ќе се видите и се грижиш да не кажеш некоја глупост или да направиш нешто непромислено. Постојано ти се во мислите неговата насмевка, неговото лице, неговите реченици…
2. Проблеми со концентрацијата – мислите ти талкаат и често се фаќаш во фантазирање за таа личност. Тешко се концентрираш на наставата или учењето. Расеана си и понекогаш не знаеш што, каде си оставила. Хмм, јасно е дека мислите ти се на друго место – упатени кон тоа симпатично момче на кое не можеш да престанеш да мислиш.
3. Поинаку се однесуваш кога си во негова близина – црвенееш кога разговараш со него или збунето се смееш кога некој ќе го спомене неговото име. Стануваш нервозна бидејќи си загрижена каков впечаток ќе оставиш кај таа личност која ти се допаѓа и како ќе изреагира на твоите реченици или однесување.
4. Сакаш да бидеш што поблиску до него – ќе направиш сè за да му се приближиш некако, па ќе ги наговориш другарките да се прошетате во неговиот кварт или во близина на игралиштето каде што знаеш дека ќе го сретнеш или ако не се познавате, барем да го видиш.
5. Се дотеруваш повеќе од вообичаено и на сите начини сакаш да поставиш подобар впечаток пред него – размислуваш за можните теми за разговор, како би го импресионирала со својата општа култура и знаење, а секако при тоа сакаш да бидеш шармантна, ултразабавна и преслатка.
6. Иако не си тактилен, тип постојано смислуваш изговори „случајно“ да го допреш – тоа е јасен показател дека тоа момче многу ти се допаѓа.
7. Постојано несвесно го споменуваш – иако можеби не го изговараш неговото име, често во разговорот со другарките почнуваш некоја тема за која вие двајца сте разговарале или ги споменуваш филмовите и музиката кои му се допаѓаат.
8. Исполнуваш безброј љубовни тестови или бараш компатабилност на хороскопските знаци за да потврдиш дали сте еден за друг.