Ја заврзал својата ќерка за дрво и ѝ ја отсекол главата

popara25 септември, 20121min00
alah

Алах Дита од Пакистан, кој живее во село во Индија, уапсен е минатата недела, отако ја убил својата ќерка.

Како што пренесуваат пакистанските медиуми, пакистанецот кој живее во Индија, АлахДита, ја заврзал ќерката за дрво и ја убил со секира кога дознал дека таа одлучила да прифати работа во козметички салон.

Според изјавите на полицијата, таткото на оваа 32 – годишна жена која има едно дете идентификувана само како Шагуфта, признал дека ја убил, бидејќи “прифатила работа прoтив негова волја”.

Истражителите велат дека неговата помлада ќерка во шок гледала како таткото ја врзува Шагуфта за дрво и ладнокрвно и го одзема животот.

“Нашиот татко ја заврза за дрво во шумата која се наоѓа во близина на нашата куќа, а потоа замавна и ја отсече главата”, вели сестрата на жртвата.

Таа додава дека претходната ноќ таткото ја истепал кога инсистирала да ја прифати работата.

Кога ја известиле полицијата, Дита принзал дека ја убил својата ќерка и го однел до телото каде ја пронашле и секирата со која е извршен овој ужасен чин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag