Џастин Тимберлејк се подготвува за венчавка со еден сосема опуштен – ергенски одмор!
Познатиот актер и пејач, кој наскоро ќе се ожени со актерката Џесика Биел, во моментов е со пријателите во Мексико, каде планира да ја продолжи “ергенската вечер” која всушност трае повеќе дена.
Забавата започнала во еден ноќен клуб во Лас Вегас во четвртокот ноќта, а во петокот изутрина слеталево Кабо во Мексико. Интересно е дека во раката држел пијалак, што не наведува да помислиме дека неговата забава траела долго. Се прашуваме до кога…