Вистина е дека нема нешто подобро од лубеницата за да ја згасне жедта. Но, дали знаевте дека и семките од овој вкусен плод се исто толку полезни?
Во кинеската народна медицина токму семките од лубеница се користат како најголем лек против камен во бубрегот. Семките се полни со магнезиум и калиум, состојки кои се моќни борци против оваа болест.
За да се излекувате подгответе го овој чај: една лажица семки од лубеница исецкајте ги или смелете ги. Попарете ги со половина литар врела вода и оставете нека отстои половина час. Чајот пијте го два пати во денот три пати седмично.
Важно е чајот да е свежо подготвен.