Еден Гвинеец се обидел да ја премине границата на Шпанија, на прилично бизарен начин.
Всушност, очејниот имигрант границата се обидел да ја премине преправен во автомобилско седиште.
Совозачкото седиште на Рено 7, освен рамката, целосно било отстрането. Празното место на Гвинеецот му послужило како “место за криење”, додека совозачот седел на него, јавува Дејли Меил.
Против двајцата мароканци кои се обиделе да го прошверцуваат преку границата се поднесени пријави, а Гвинеецот, по појавувањето пред судија, е протеран од Шпанија.