Нуди 50 милиони евра на маж кој ќе ја заведе неговата ќерка!

popara26 септември, 20121min00
-gigi-chao

Богатиот бизнисмен од Хонг Конг нуди 50 милиони евра за човек кој ќе ја заведе неговата ќерка, лезбејка.

Магнатот Сесил Чао се одлучил на овој чекор, бидејќи неговата ќерка Гиги оваа година на свеченост во Франција се венчала за својата девојка со која е седум години во врска.

“Не ми е гајле дали е богат или сиромашен. Важно ми е едно да е добар и љубезен”, изјавил 76 – годишниот тајкун.

“Гиги е добра жена, талентирана и убава. Позитивна и приврзана е со семејството, во моментов волонтира”, додава загрижениот татко.

Чао, сопственик на голема компанија за трговија со недвижен имот Cheuk Nang, не признава дека неговата ќерка живее со партнерка и тврди дека на 33 години таа е сеуште немажена.

Бракот помеѓу личности од ист пол не е дозволен во Хонг Конг, територија на југот на Кина кој е конзервативен во однос на моралот, иако се смета за модерен, космополитски и толерантен град.

Хомосексуалноста таму престанала да биде кривично дело дури во 1991 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag