Левата рака на Наташа Беквалац од вчера ја украсува прстен од бело злато. Сакпоценото парче накит поп пејачката го добила од својот дечко Владимир Вуксановиќ. Иработката на прстенот е порачана во Солун, а како што дознаваме, Влада воопшто не штедел за подарокот. Добро се отворил и покрај прстенот и подарил плишани играчки и златна нараквица.
-Прстенот од бело злато, украсен со циркони и аметист, ја остави Наташа без текст, но и ја збуни, како неа така и нејзините блиски, бидејќи никој не сфати дали се работи за веренички партен, а Влада мудро премолче. Сепак, дека наскоро ќе се слушнат свадбени ѕвона, зборува и фактот дека Влада се распрашува за необични свадбени аранжмани, па во предвид доаѓа и венчавка во Лас Вегас, но и во Верона, под терасата на Јулија, љубовта на Шкеспир, вели близок извор.