Младата пејачка Тејлор Свифт вети дека нејзината најнов албум “Red” ќе го рефлектира целиот жар кој го носи самата боја, и дека нејзиниот најнов хит – тукушто излезен на iTunes – е всушнст весела песна, полна со надеж.
Песната насловена „Почни одново“ е за нов почеток, со нова љубов. Свифт ја промовираше песната на шоуто Good Morning America објаснувајќи, „ Ова е всушност песна за кога ќе поминете низ тешка врска, ќе завршите, и ќе продолжите на првиот состанок после ужасното раскинување“.
Свифт е позната по тоа што многу од нејзините песни се наменети за нејзинте поранешни момчиња, исто толку познати личности како и нејзе. Сеуште не е познато за кого пее овој пат, но текстот на песната најверојатно посочува токму на нејзиниот актуелен дечко, Конор Кенеди, уште еден од потомците на фамозната Кенеди фамилија.
Преслушајте ја песната и одлучете сами за кого е наменета.