Првиот дизајниран таблет

popara28 септември, 20121min00
таблет

Уредите не се само потребни предмети. Во моментот кога ќе си изберте еден да си го купите, тој станува дел од нашиот стил. Затоа сакаме да ви го покажеме првиот дизајнерски таблет во Велика Британија, од кој буквални ни запре здивот.

“Виновник” за основањето е самиот Пјер Карден – еден од најпознатите дизајнери во светот. Токму неговата компанија се здоби со таблет под Андроид, кој успешно комбинира елегантен дизајн и практичност. Pierre Cardin PC-7006 може да се поврзе со интернет преку 3G или WiFi, има USB порта и е со 7-инчен мултитач екран. Во комплет со него одат и специјални слушалки.

Но, во оваа направа, освен техничките карактеристики, исклучително добар впечаток прави и кожната торба, кој е ѓаволски стилски, иако зад неговото создавање стои познатиот дизајнер. Тука спаѓа и  кутијата за подарок, која е во црна боја со метални и црвени акценти, како во торбичката, така и на самиот таблет.

Цената на дизајнираниот уред е 275 фунти и може да се нарача од официјалната страна на производот. За жал бесплатната испорака важи само за Велика Британија, ако воопшто таблет се испорачува во друга земја. Но сепак наместо тоа, многу повеќе вреди едно патување во Велика Британија, нели така?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma