Супер бабичка спасила 30 луѓе!

popara28 септември, 20121min00
Bus124

Марта Бекер (73) успеала да го запре автобусот и на тој начин да спаси 30 патници откако жената која управувала со возилото се онесвестила.

Бекер изјавила дека видела дека автобусот во кој била таа и уште 28 пензионери почнал да се меандри на патот во провинцијата Баварија.

Според нејзините зборови се обидела да ја предупреди жената која го возела автобусот, но таа не реагирала. “Имала замрзнат поглед и лицето и било целосно бледо”, изјавила бабата.

Бабата потоа го земала воланот и го запрела автобусот.

“Ако закочев нагло сите ќе прлетаа од шофершајбната. Дури подоцна почнав да се тресам и да чувствувам силна главоболка”, објаснува Бекер.

Брзата помош ја пренела онесвестената жена во болница, каде е задржана на испитување. Причината за нејзината несвестица не е објавена.

Бекер додала дека друг автобус ги пренел на саканата дестинација во Австрија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma