И додека до сега сите магазини во фотошоп обично им ги симнуваа килограмите на манекенките и поради тоа јавно биле исмејувани, се чини дека на овој тренд му дојде крајот.
Доработувањето на манакенката во фотошоп овој пат отиде во друга насока, всушност, сега им додаваат килограми. Слабата фигура на манекенката Карли Клос била многу видлива, а нејзините нагласени ребра упаѓале во очи, затоа оригиналната фотографија била доработена во фотошоп. Очигледно, не од естетски причини, туку за да се избегнат евентуални критики и потенцијални скандали.
Спорната фотографија на која и се подигнати рацете на 20-годишната Карли која открива тесен појас и видливи ребра, се појавува во јапонското списание ‘Numero’.
Пред една година, Карли се најде во центарот на скандалите кога позирала за италијанскиот Vogue и каде открила ковчести колкови и половина кои предизвикале бурни реакции од јавноста, па затоа и спорната фотографија била повлечена.
Манекенката тврди дека не е анорексична и дека причина за недостиг на килограми е балетот со кој претходно се занимавала, а од кој се откажала, бидејќи била премногу висока за да биде балерина.