Колку е важен сексот за една врска?

popara28 септември, 20121min00
seks1

Во секоја врска помеѓу двајца една од основните работи, да не кажеме и најважната работа е сексот. Ако не постои сексуално привлекување помеѓу партнерите, врската помеѓу нив нема да  таре долго. На почетокот на секоја врска сексот е многу добар и претставува секојдневен придружник, но со текот на времето работите почнуваат многу да се менуваат.

Дали поради монотонијата, дали поради некоја друга причина со текот на годините сексот се намалува се повеќе и повеќе. Лошиот секс може да ја прекине вашата врска дури и во самиот нејзин почеток. Што и да кажеме, сексот е особено важен за една долга и успешна врска помеѓу двајца патнери.

Се разбира, дека само со прекрасен партнер во кревет не може да се живее, но верувајте ми, тоа е исто така важно. Ако ви се допаѓа некој толку многу и не сакате да го загубите поради сексот ќе треба многу да се залагате во  целата врска.

Ако со годините вашиот соживот почнува да се губи  малку по малку и сексот станува од еднаш неделно до еднаш во две недели за на крајот дури еднаш месечно, сериозно треба да се запрашате каде е грешката и дали можете да се поправи истата. Многу е важно да му го дадете на на саканиот/та најдоброто од себе.

И покрај тешките работни денови, покрај целиот стрес,  покрај финансиските и сите останати мали проблеми не заборавајте на сексуалниот живот. Тој мора секогаш да е полн со страст и исполнет со најразлични изненадувања. Убаво е кога не само пред спиење  ќе го изненадите својот партнер со нешто за да види дека ви значи, туку и кога се стремите секој ден да правите вакви изненадувања.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma