“Мажот се заканил дека ќе ја повреди мачката, а жената се обидела да го заштити своето сирото животно”, соопштиле од локалната полиција.
Една жена од Тексас го застрелала својот сопруг во стомак за да ја заштити својата мачка од него.
Расправијата се случила во вторникот во американската држава Тексас. Поточно, Одри Дин Милер со пиштол пукала во својот сопруг во стомак, бидејќи тој и се заканил дека ќе поврди една од нејзините мачки.
“Мажот се заканил дека ќе ја повреди мачката, а жената се обидела да го заштити своето сирото животно”, соопштиле од локалната полиција.
Жената е уапсена веднаш по инцидентот, а нејзиниот сопруг е итно пренесен во болница, каде е опериран. Тој е надвор од животна опасност.
Соседите сведочеле дека секогаш изгледале како мирно семејство и дека Одра сака животни и дека чува неколку мачки и кучиња.