Милионери, ова е за вас!

popara29 септември, 20121min00

Животот во градот има предности, но од друга страна е и исполнет со секојдневни проблеми како на пример паркирањето на вашиот автомобил блиску до зградата во која живеете. Да, но во Сингапур не е така. Таму може да ја паркирате вашата кола … во дневната соба, се разбира.

Како зошто? Бидејќи вие и вашето Lamborghini Aventador не треба никогаш да бидете разделени. Наместо тоа, гумите на вашиот омилен автомобил мора да е на ниво на масата на која вечераме. Сепак, тој е дел од семејството, нели така?

Единствениот услов е да ставите палецот на специјалното место од кое ќе го активирате автомобилскиот лифт. Скапоцената ваша машина ќе биде подигната до спратот, на кој живеете, ќе застане и ќе чека смирено до сè до тогаш кога вие повторно ќе имате потреба од него. Запрепастувачки интересен е фактот што вашиот лифт е транспарентен и ништо не е скриено.

Дизајнерите дошле до генијална идеја поради проблемот си паркирање во градот. А и како што веројатно знаете, во Сингапур има повеќе автомобили Maserati, Ferrari и Lamborhini од било кое друго место на светот.

Заборавивме да ви споменеме дека цената на оваа персонална гаража е астрономски висока. Се движи помеѓу 6 и 15 милиони фунти. Не е лошо, иако во реалниот живот едвај некогаш ќе имаме можност да ја видиме оваа сума. Освен вака напишана, се разбира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma