Некој би помислил дека после бројните лоши приказни кои се врзани за нејзиното, ќе се смири, но очигледно таа нема таква намера. Повторно провоцира иако тоа воопшто не и треба.
На промоцијата на својата книга Тулиса Контоставлос се појавила во секси фустан кој добро го истакнува нејзиното бујно деколте. Се потрудила градите да и бидат стиснати една до друга, а потоа седнала да дели автограми. Но, пред да почне, “случајно” се наведнала напред, а градите само што не и испаднале од корсетот! Никому не му е јасно зошто ова и требало кога и онака веќе многу шокантни работи се врзани за нејзиното име. Иако зад себе има скандал со приватна снимка која протече во јавноста, како и секојдневно коментирање на фановите поради своите насобрани килограми, таа уште еднаш морала да најде начин да го добие целото внимание. Тоа и успеа…