Дизајнерите периодично се инспирираат од глемиот-рок стил во музиката кој настана во 70-тите години на минатиот век. Аксесорите, украсени со нитни и боцки, секогаш се носат дрско, со бунтовен дух. За оваа есен многу модни брендови го наметнуваат овој тренд и тоа особено се забележува силно кај обувките.
Уметниците на чевли како Christian Louboutin, го воведоа овој тренд и кај елегантните високи потпетици со класичена силуета, кај мокасините и дури кај спортските чевли.
Модните брендови го наметнуваат овој глем-рок стил во своите есененски колекции, а резултатите се навистина импресивни.