Некои сметаат дека здравите заби не треба да се мијат по секој оброк, но тоа не е точно. Само два часа по јадењето, на забите започнува да се формира еден вид слој. Ако тој не биде отстранет во текот на 12 часа, на ова место започнува да се формира забен камен. Забниот камен може да доведе до воспаление на непцата, зголемување на подвижноста на забите и непријатна миризба во устата. Освен тоа, тој придонесува и за појавата на кариес.
Најлесен начин за зачувување на здравјето на забите и непцата е редовно миење на забите (не помалку од два пати дневно), испирање на устата со специјални течности, користењето на конец за заби.
Хигиената на устата ќе биде максимално ефикасна, ако при изборот на паста за заби, четка, итн., се посоветувате со стоматолог.
Покрај правилата за лична хигиена, два пати во годината треба да посетувате стоматолог за профилактички преглед и отстранување на забниот камен. Не одложувајте ја оваа контрола – секој еден проблем поврзан со непцата и забите, откриен во рана фаза, се лекува многу полесно, а и ќе ве чини поевтино.
Превенцијата на кариес треба да започне уште во детството. Современите методологии придонесуваат за намалување на ризикот од развој на кариес кај децата. Во земјите од Западна Европа се повеќе широко се применува постапката на запечатување на фисурите на забите. Стоматолозите препорачуваат таа да се прави во текот на 1-1,5 години од моментот на појавата на постојаните задни катници.