Балансиранатa храна не подразбира конзумирање само еден вид месо

popara30 септември, 20121min00
meat12

Концептот на балансирана храна вклучува и производи кои содржат животински протеини и растителни состојки. Многу искусни специјалисти-диетолози советуваат да се откажеме од мрсното овчо и свинско месо и да преминеме целосно кон употребата на пилешко.

Сепак, не треба да се избрзува и да се преминува само на еден вид месо. Само треба да претпочитаме месо што не содржи многу маснотии.

Живината како месо всушност има многу корисни својства. Прво, живината (со исклучок на мисиркиното месо) содржи помалку заситени масти и затоа се апсорбира подобро отколку другите видови масти.

Второ, пилешко месо е богато со фосфор, магнезиум, цинк и содржи значителни количества витамини од групата Б.Фосфорот ги  зајакнува мускулите, коските и забите. Магнезиумот е одговорен за нормално функционирање на нервните клетки, помага во борбата против заморот и раздразливоста, и  ја подобрува меморијата. Цинкот го забрзува зараснувањето на раните и е неопходен за зајакнување на меморијата и добрата работа на мозокот во подоцнежната возраст. Витамините од групата В се неопходни за нормално функционирање на дигестивниот и нервниот систем. Тие ја зголемуваат  отпорноста на телото во однос на стресот и го стабилизираат нивото на шеќер во крвта. (А)