Поранешната Мис на Ајдахо, Џејми Хилтон (36) доживеала тешка несреќа за време на роболов – паднала и удрила со главата в карпа. По кратко време поминато во состојба на клиничка смрт, мозокот почнал да и отекува, така што лекарите морале да отстранат дел од черепот да не дојде до згмечување.
Отстранетиот дел 42 дена поминал во нејзиниот стомак, за коската да се храни и да остане стерилна, а по повлекувањето на отокот повторно бил вратен.
На својот блог, насловен како “Чуда, верувај во нив”, Хилтон објавила фотографија од својот стомак во кој очигледно се наоѓа големо парче коска, како и главата на кој тој дел недостасува.
-Ништо на светот денес не е толку важно како тоа дека сум тука. На оваа прекрасна Земја, со моето неверојатно семејство. Можам да ги прегрнам децата, да го бакнам мажот, да зборувам со мојата мајка, и да живеам. Се чувствувам дека моето срце ќе пукне од благодарност. Преполна сум со среќа и радост. Дали ми е се во животот совршено? Не! Но, жива сум!, објавила под фотографиите.