
- Ако се наоѓате во некоја одамна напуштена куќа, треба да ги истражите сите чудни звуци, во облека која најмногу открива
- Креветите секогаш имаат чаршави кои жените ги покриваат до рамена, а мажите до половина
- Сите ќеси со намирници содржат по еден багет
- Секој може да слета авион ако има некој во контролната кула да му дава упатства
- Кога еднаш ќе се стави кармин, тој не се вади па дури и да одите да нуркате
- Системот за вентилација на секоја зграда е совршено место за криење
- . Никој таму нема да ве бара, а вие може да стигнете до било која друга просторија во зградата
- Ако сакате да поминете како Германски офицер, воопшто не е важнод а го зборувате јазикот, туку доволно е да имате соодветен акцент
- Пијалокот во чашата не се пие до крај
- Мажот не го боли тепањето и ранувањето, но кога раната ја чисти некоја девојка, тоа секогаш е најголемата болка на светот
- Кога се плаќа на таксист, нема потреба а барате низ новчаникот, која пара и да ја извадите, тоа ќе биде точниот износ кој треба да го платите
- Во кујната нема светло. Кога одите во кујна навечер, го користите светлото од фрижидерот
- Судар на кола и камион секогаш завршува со експлозија
- Сите сами жени имаат мачка
- Кога еден пука кон 20 мина има многу повеќе веројатност тој да ги убие сите, отколку тие него
- Не е важно ако сте помалку во број при тепачка; противниците ќе кружат рипкајќи околу вас, додека не го натепате неговиот партнер, па тогаш тој ќе ве нападне
- Кучето секогаш знае кој е лошиот и лае кон него
- Бомбите секогаш имаат екран со одбројување за да знаете уште точно колку време има додека да експлодира
- Еден детктив може да го реши случајот точно откако ќе биде суспендиран за истиот