Добила стипендија за бизнис училиште иако има 102 години!

popara1 октомври, 20121min00
margaret_dunning

Маргарет Данинг не е како останатите жени на 102 годишна возраст.

Оваа американка од дознала дека и е доделена полна стипендија за враќање во бизнис училиште, речиси 80 години откако последен пат седела во клупа.

Во интервју за Today.com изјавила: “Ова е прилично важен ден за мене. Тоа беше целосно изнендување! Многу сум задоволна. Имам чувство како да сум наградена со неколку години екстра кои на другите луѓе им се скратени и навистина сум среќна што сеуште можам да живеам на овој свет”.

Всушност, производителот на автомобилски опреми и делови, The Fram Group, одлучил да и помогне на оваа активна старица да се врати во бизнис училиштето на Универзитетот во Мичиген, откако ја виделе приказната за нејзината животна посветеност и љубов кон старите автомобили. Покрај тоа, освоила и доживотно снабдување на автоделови со оглед на тоа дека сеуште сама менува масло и делумно  ги поправа своите автомобили.

Маргарет вози целиот свој живот. Нејзиниот татко ја научил кога имала само осум години, а откако го завршила средното училиште и се запишала на Универзитетот во Мичиген, била принудена да се откаже за да се вработи и да и помага на својата мајка вдовица. Повеќе од 94 години и две светски војни подоцна таа сеуште е активен возач и љубител на автомобили, пренесува Huffington Post, а сега и ќе се врати на студиите.