Иако живее во вила вредна 11 милиони долари, Лиза Мари Присли (44) во Велика Британија работи во ресторан за брза храна “Mr Chippy”.
Со врзана коса и капа на глава, таа ниту малку не потсетува на позната личност. Напротив, изгледа исто како останатите продавачки кои во комбе продаваат компирчиња и риба.
“Пред две години се досели во нашиот град. Сакаше да го запознае локалното население, па така се вработи во нашето комбе. Се смеевме, бидејќи купувачите немаа идеја дека тоа е ќерката на Елвис Присли”, изјавила сопственичката на комбето, Ким Секејлс.
Според нејзините зборови, Лиза Мари ја обожува британската храна и пиво. Меѓутоа, колку и да е воодушевена од работата ќерката на Елвис Присли, Ким вели дека не би ја вработила за постојано.
“Нема шанси! Секогаш ги меша рибата и компирите.”
Лиза Мари во Велика Британија живее со сопругот Мајкл Локвуд и трите деца. Како што открива во едно интервју, и годи што таму не е позната.