Сите родители кои тоа го доживеале ќе ви кажат дека да имаш близнаци е една од најубавите, но и најнапорните искуства! Сара Џонс (33) сепак најдобро го знае тоа, бидејќи таа добила близнаци дури 3 пати по ред!
Сара родила три пара блзинаци во период од 10 години. Таа е единствена жена во Велика Британија која дури три пати по ред родила близнаци. Ова е реткост и се случува само еднаш во 500.000 случаеви.
Покрај тоа, два пара од близнаците се родени во протег од само 10 месеци. Иако повеќето родители би биле потполно изморени од тоа, таа не мисли така.
“Ова во нашето семејство е потполно нормално. Би ми било чудно да останам бремена и да не добијам близнаци”, рекла таа.
“Кога докторот ми кажа во текот на третата бременост дека повторно носам близнаци, не знаев дали да плачам или да се смеам. Прво мислев дека се шегува. Кога ме погледна и рече дека е сериозен, не можев да верувам”, додала Сара.
Сара првите близнаци Лиам и Ниам ги родила во 2001-та година. Подоцна се развела од нивниот татко, па потоа повторно пронашла љубов и се верила. Во 2010-тата година дознала дека е бремена и дека носи двојајчани близнаци, момче и девојче, денес двегодинишните Шеј и Аоиф кои се родени во јуни, а по нив во април минатата година на свет пристигнале двете девојчиња, близначките Кива и Кира.