Еден маж од западна Небраска е обвинет дека ја нападнал својата сопруга со сендвич, пренесуваат американските медиуми.
Медиумите објавиле дека 50 – годишниот Лари Спурлинг е обвинет за нарушување на јавниот ред и мир. Неговата сопруга повикала полиција и го пријавила дека ја бутнал на под за време на расправијата и и го набил “сендвичот” во лице.
Во судските документи не се наведени состојките во сендвичот, но дека полицијата нашла неколку парчиња месо на тепихот надвор од спалната соба и парчиња леб во спалната соба. Агресивниот сопруг е притворен.