Со оваа диета нема да гладувате, па без многу маки ќе се ослободите од вишокот на килограми, кажува Ана Бинс, британски нутриционист.
Со диетата со грозје која е формирана од страна на д-р Ана Бинс, познат британски нутриционист, нема ни да сфатите дека сте на диета, па без мака и гладување за една недела ќе се ослободите дури од три килограми.
Држењето диета не е лесно и не им успева на сите. Рестриктивниот режим на исхрана, постојано го следи гладта и одрекувањето од омилената храна, поради што повеќето луѓе не успеваат да истраат во борбата со вишокот на килограми. Со диета со грозје, дури и ќе заборавите дека сте на диета, па без проблеми и гладување за недела дена ќе се ослободите дури од три килограми.
За да успеете во својата намера, дневно не смеете да внесувате повеќе од 1.200 калории. Треба да изедете и 400г. грозје, кое содржи дополнителни 280 калории, па сметањето може да повеќе да ве збуни. Со неделениот план на Ана Бинс, тоа ќе биде многу лесно, а ќе внесете онолку калории, колку што впрочем и ви требаат. Освен тоа што ќе ослабните, благодарение на грозјето, вашите организам ќе работи подобро, цревата ќе бидат почисти и побрзо ќе ги согорувате резервите масти.
Што е дозволено
– 400 g. грозје дневно
– јајца, сите видови на месо, вклучувајќи ги и морските плодови
– зеленчук, и тоа првенствено домати, пиперки, лук, краставици, тикви, модар патлиџан, блитва, зелка, морков, печурки…
– овошје, без исклучоци
– околу 150g мед и суво овошје неделно
– исклучиво маслиново масло
– вода, чај, а повремено и незасладен сок
Што е забрането
– сите видови на шеќер, грав, грашок, чоколадо, сол, мајонез, квасец, оцет
План за исхрана
Понеделник
Доручек: парче интегрален леб, две парчиња пилешки гради, 1dl млеко или јогурт
Ужина: 200 g црно грозје
Ручек: зготвени јајца, 250 g мешан зготвен зеленчук зачинето со маслиново масло, лимун и оцет, 40 g интегрален леб
Ужина: 200 g бело грозје
Вечера: 150 g печени јунешки шницли со две лажици маслиново масло, 40 g леб, а за десерт пире од јаболка
Вторник
Доручек: 50 g мусли, 2,5 dl јогурт
Ужина: чаша сок од грозје или 150 g бело грозје
Ручек: 100 g печено бело месо, 250 g мешано готвен зеленчук зачинет со лажица маслиново масло, лимун и оцет, 40 g интегрален леб
Ужина: 150 g црно грозје
Вечера: 120 g риба ослич на скара и 250 g салата од пченка и морков зачинет со маслиново масло, оцет и лимунов сок, 50 g леб
Среда
Доручек: овошен јогурт
Ужина: 200 g бело грозје
Ручек: 100 g тестенини со сос од домати и две лажици рендан кашкавал
Ужина: овошна салата од јаболка, крушки, и грозје
Вечера: 150 g младо сирење, 250 g мешан суров зеленчук со маслиново масло, лимун и оцет, 40 g интегрален леб
За наредните денови можете да комбинирате, или да продолжите исто како од понеделничкиот режим, па натаму.