Анастасија Шпагина личи на се, само на живо суштество не! Оваа 19-годишна девојка, која се престставува како Фукацуми, има сам 38 килограми на своите 152 см висина и потребно и е половина час за да го нашминка само едното око за да изгледа како од анимираните хероини на кои таа им се восхитува.
Се е поголем бројот на фановите на анимираните ликови и т.н. манга фанови, кои се обидуваат да ги копираат. Оваа украинска тинејџерка целосно го трансформирала својот изглед за да стане вистинска манга.
Анастасија често поставува снимки на YouTube на кои покажува како се трансформира во лик од цртан филм, а едно вакво видео има 150.000 прегледи.
Бидејќи по професија е фризерка и секој ден работи од девет часот, таа се буди уште во пет за да има време да се нашминка, а за шминкање на целото лице потребни и се два часа. За нејзината трансформација во манга да биде целосна, таа сега планира да се подложи на операција на очи, за да добие карактеристичен стаклен поглед.
Украинската тинејџерка, токму како и нејзините анимирани хероини, има исклучително тенок струк и коса во живи бои, некогаш виолетова, некогаш сина или црвена, огромни очи и напучени усни.
Иако сите ја споредуваат со кукла, Анастасија инсистра дека сака да стане жива анимирана хероина и за себе вели: “Јас не сум како кукла, куклите се како мене”.
http://www.youtube.com/watch?v=RToYbWEsbUs&feature=player_embedded