Покрил две згради со љубовни песни

popara5 октомври, 20121min00
pisma

Во раните попладневни часови, вчера во центарот на Будимпешта се појавил многу необичен поглед. Всушност, две гради биле покриени со огромни платна на кои е испишано љубовно писмо.

Авторот на песните, девојката Гика ја моли за прошка и признава дека направил огромна грешка, а доколку му прости, тој ветува дека ќе и купи куќа во Горки и ќе и ја покаже Босна.

Иако жителите во почетокот помислиле дека се работи за некој вид на герила-маркетинг, се испоставило дека зад оваа акција сепак стои еден полјак со скршено срце. Јан Празаснек, иаку професионален алпиниста, за оваа “акција за прочка” морал да побара официјално одобрение од градските власти, чија цена е околу 20 000 евра, додека медиумите пишуваат дека тука не се работи за богат човек, само лудо заљубен млад човек.

А во неговото ”љубовно писмо” на првото платно стои следново:

“Гика, ја направив најголемата грешка во животот, но благодарение на тоа сфатив колку ми значиш. Сфатив дека ќе можам да те сакам само тебе. Ако ми простиш, секоја минута од твоето страдање ќе ја претворам во среќни часови, секоја твоја солза во море радости. Мижеш ли да ми простиш, Гика?

На другото платно, Јан напишал:

“Доколку ми простиш, сакам да знаеш дека ќе те оженам и ќе бидеш мајка на моите деца. Сакам да ти изградам мала куќа во Горки или каде и да посакаш. Сеуште сакам да ти ја покажам Босна која е прексрасна како тебе. Знам дека оваа идеја е луда, но верувам  дека ова е најмудрата одлука во мојот живот. Знам дека сеуште не е доцна. Верувам во вистинската љубов и чудата. Сакаш ли и ти да веруваш, Гика?”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma