Видео: Пиво со тестиси од бик

popara5 октомври, 20121min00
pivo_2

Wynkoop е пивница во Денвер, која неодамна се појави во медиумите благодарение на “посебно” пиво кое наскоро ќе се претстави на еден фестивал на пивото.

Особеноста на неговиот производ лежи во состојките кои се додаваат. Всушност, станува збор за тестиси од бик, а тврдат дека ќе биде вистински хит.

До специфичниот  вкус  дошле со мешање на чоколаден сируп, ликер и еспресо кафе, а нивното пиво содржи дури седум отсто алкохол.

На оваа “брилијантна” идеја дошле сосема случајно кога првоаприлската шега, на која многумина наседнале се претворила во бизнис потег. Откако шегата се појавила во јавноста, дистрибутерите почнале да се распрашуваат каде можат да го најдат “новото пиво”.

Тогаш им станало јасно дека шегата треба да се претвори во сериозен потег.

“Специјално подготвени тестиси од бик се специјалитет во овие краеви. Да го помешате тој вкус со пиво, всушност е логичен потег и остварување на сонот”, изјавил за новинарите Марти Џонс од пиварницата Wynkoop.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma