Боки 13 и Карлеуша го тужат порно актерот!

popara6 октомври, 20121min00
jk i boki

ЈК и Боки 13, го тужеле порно-актерот Гоце Гоневски,поради закани на Фејзбук.

Јелена Карлеуша и Боки 13 поднеле тужба против македонскиот порно актер Гоце Гоневски, Карло Бос!

Македонскиот актер во филмови за возрасни, кој веќе неколку години живее и работи во Италија, ќе мора на суд, по неколку изјави кои ги објавил на својот Фејзбук профил.

-Ми се јавија од полиција, да ме известат дека Бојан Јовановски, Боки 13 и Јелена Карлеуша поднеле тужба против мене. Боки за статусот “Нарачател за убиство”, а Јелена Карлеуша за лажна изјава од моја страна, изјавил Карло Бос.

На прашањето што ќе превземе и дали го вознемирил овој чин, тој само кратко изјавил:

-Јас го напишав само она што го мислам и она што го поминав и воопшто не трепнав за тоа дали ќе добијам тужба или не…Не знам само каде ќе ме судат, во Италија, Србија или Македонија, низ смеа изјавил Кaрло Бос.