
Многу уметници тврдат дека во својата работа вложуваат многу труд, крв и пот, но американецот Винсент Кастигли тоа буквално го прави. Поточно, тој веќе 10 години црта со сопствената крв. Неодамна ја отворил изложбата “Resurrection” во една галерија во Менхетен.
30-годишниот уметник објаснува дека одлучил да слика со крв, бидејќи почувствувал дека мора да биде повеќе поврзан со своите делови.
Истакнал дека реакцијата на публиката на неговите дела била многу позитивна, иако има и од оние кои сметаат дека тоа што тој го прави е језиво, додека некои веруваат дека Касигли всушност лаже и делата не ги создава со сопствената крв.
“Мојот одговор за тие луѓе е да погледнат дела кои засенуваат со она од што се направени”, изјавил уметникот.
Објаснил дека сликите ги создава така што најпрво прави графичка скица, потоа во приватноста на своето студио вади доволно “боја”, а потоа со четките тргнува во процес на создавање на делата.
“Секое дело е дел од мене”, вели уметникот, додавајќи дека секоја негова слика е пожртвување, а поради посветеноста на работата пред извесно време доживеал и колапс на белите дробови.
За некои дела потребно му се до три месеци да ги заврши. Неговите слики чинат од 950 до 26.000 долари.