
Прекрасната манекенка и поубавата половина на Кристиано Роналдо тргнала на вечерно излегување во навистина беспрекорно издание.
Прекрасната русинка, 26 годишната Ирина Шајк, излегувала од ресторанот “Beatrice Inn” во Њујорк, каде што ја дочекале љубопитните папараци.
А и кој би одолеал да не ја фотографира девојката на португалскиот фудбалер кога таа, со своето појавување во краток блескав бронзен фустан, едноставно оставила многумина без здив. Во преден план секако биле нејзините долги и витки нозе, а добро расположената Ирина накратко им позирала на папараците, а потоа се упатила во непозната насока. Уживајте!




