Најчести грешки кои се прават на првиот состанок!

popara7 октомври, 20121min00
состанок

Сите знаеме дека првиот состанок е нешто слично како интервју. Поентата е да се претставиме на најдобар можен начин, но ова и не го сфаќаме НАЈ сериозно.

Целта на првиот состанок е да се добие шанса за втор, со цел да се дојде до трет состанок, а сите веќе знаеме што се случува по третиот.
Се разбира, ако тоа не е веќе не е направено уште на првиот состанок.
Овие грешки се најчестите грешки кои се прават на првиот состанок:
Плаќање
Ова е тема за која на првиот состанок е секогаш многу фрка. Совет за ова е следново. Ти плаќаш затоа што си џентлмен. Тоа се подразбира. Ако таа инсистира да плати, ти одбиваш првиот пат. Ако продолжи ја одбиваш по втор пат. Меѓутоа, ако и понатака сака да плати за нејзината половина и дозволуваш да плати со тоа што знаеш веднаш дека е самостална девојка или едноставно е луда.
Тешки теми
На првата средба се стремиш да ја заведеш. Главното оружје се лесни теми, насмевка, хумор и јазикот на телото, флертувањето испреплетено со случајни акции. Не зборуваш за твоите животни проблеми, грижи, работите за кои сте моментално несреќни и депресивни поради тоа што целта на запознавање на нови девојки е можност да ве направи среќен. Ако започнете рано со тешки прашања шансите се големи да ја избркате уште на првиот состанок.
Поранешната љубов
Во ред. Сега сте отишле веќе предалеку. Ти си тука да зборуваш со неа за вашата иднина, љубов, наместо да се жалиш за Ана, Марија, Евгенија или сл.
Сега некои практични работи:
Не пишувај смс пораки
Ти си овде заради неа. Посвети и се целосно.
Девојките паѓаат на добар слушател.
Не претерувајте со ласкање. Се разбира, постојат некои прашања за кои ќе се сложувате, и тоа е убаво, но сепак, повеќе девојки сакаат да видат дека имате свој став.
Биди љубезен
Ова се однесува на келнерот. Бидете љубезен со него. Ако нешто не е во ред разбери се интелегентно.
Не касни
Најважно е да се појавиш на првиот состанок на време. Таа може да доцни, но вие не! Но ако таа касни повеќе од 15 минути, а предходно не ти најавила за тоа, тоа треба да ти каже многу за неа како личност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *