Добила четири деца со очувот: Ја силувал од нејзини 15 години!

popara7 октомври, 20121min00
siluvanje

Очув обвинет дека ја силувал својата ќерка од нејзините 15 години. Несреќната жена добила четири деца со него.

60- годишниот британец, обвинет е дека повеќе од една деценија сексуално ја малтретирал неговата ќерка.

Злоставувањето започнало кога имала само 15 години. Веќе на 16 го добила првото од четирите деца кои ги има со него.

Жената (29), чие име поради истрагата не е соопштено, вели дека таквиот живот не го избрала сама, но тоа станало нејзино секојдневие.

 

-Тоа не беше мој избор, но тоа беше единствениот живот кој го познавав. Премногу се плашев, а немав ни средства да си одам од домот, изјавила на сослушувањето несреќната жена.

Вели дека и неа и децата ги злоставувал вербално, физички и сексуално, но не можела против него.

-И сега се плашам. Секогаш ми велеше дека неможам да победам, дека секогаш тој ќе победува.

“Децата ми се сè”.

Несреќната жена вели дека и покрај сè ги сака своите деца и дека тие и се сè во животот.

-Никогаш немав тинејџерски години, никогаш не излегував ниту пак имав пријатели. Секогаш бев дома и работев. Сепак, без оглед на сето тоа, децата се мојот живот и ги сакам бескрајно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *